Смартфоните кои користат оперативен систем Android се на мета на нов вирус – FakeBank. Тој може да ги пресретне телефонските повици на сопственикот на телефонот и дојдовните и оние кои тој ги реализира.
Покрај тоа, малициозниот софтвер може да собира информации за финансиското однесување на корисникот преку банкарските апликации. Сега вирусот е распространет главно во Азија, но, според експертите во областа на анти-вирусните софтвери, има реална можност истиот да почне да се шири и низ останатите делови од светот. Главно загрозени се сопствениците на телефони со Андроид до седмата генерација.
Вирусот може да го имитира пасвордот за пристап до банкарските апликации и да краде кориснички податоци. Друга опасност за сопствениците на телефоните со Android е Reddrop вирусот, кој снима разговори и ги собира како аудио датотеки.