Компанијата Airbus тестира џиновски харпун со кој ќе се отстрануваат старите сателити и останатиот вселенски отпад.
Харпунот долг еден метар ќе биде прикачен на вселенското летало и ќе го лови вселенскиот отпад. Потоа леталото ќе го повлекува својот „плен“ во атмосферата за целосно да согори.
Airbus повеќе години работи на овој концепт и развива се поголеми системи. Проектот е одговор на растечкиот проблем со вселенскиот отпад, делови од стар хардвер кои и понатаму кружат околу Земјата и претставуваат опасност поради судирање со оперативни сателити.
Моментно се следат околу 20.000 компоненти со големина од 10 сантиметри или повеќе од тоа. Најновиот харпун на Airbus е дизајниран за да може да го фати и еден од најголеми отпадни предмети во вселената, а тоа е нефункционалната платформа за опсервација на Земјата – Envisat, која одненадеж престана да функционира во 2012 година.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли