Ако некогаш сте ја поседувале легендарната Nokia 3310, или кој било друг Nokia телефон, сигурно се сеќавате на уште полегендарната мелодија што звучеше вака:
Познатата „Nokia tune“ што ја слушавте секогаш кога ќе го вклучевте мобилниот е исечок од композицијата Gran Vals (како што и оригинално се викаше во мобилните телефони на Nokia), дело на шпанскиот композитор и гитарист Франциско Тареге од 1902 година.
The Next Web објави дека не е само Шпанецот заслужен за легендарниот рингтон, туку дека исечокот што го искористила Nokia всушност настанал од исечок од Шопеновата истоимена композиција Grand Valse, според која потоа Шпанецот го искомпонирал неговото дело.
Слушнете ги двете верзии па проценете сами:
Тарега починал во 1909 гдоина, што била една од главните причини зошто Финците се одлучиле токму за неговата композиција.