Неверојатен робот може да ја реши Рубиковата коцка за само 0,38 секунди, што е нов рекорд.
Видеото објавено на „Јутјуб“ ја прикажува коцката во нерешлива состојба, а потоа робот ја решава за само 0,38 секунди.
Роботот бил направен од двајца креатори, а се состои од шест Kollmorgen ServoDisc U9-series мотори, односно две PlayStation Eye камери.
Системот ја „чита“ коцката и ја решава со неверојатна брзина.