Астероидот Бену, со дијаметар од 500 метри, кружи околу Сонцето со брзина со 101.388 километри на час, а научните истражувања укажуваат дека постои можност од 1:2.700 да ја погоди земјата во 2135. година.
НАСА не верува дека Земјата би можела да биде загрозена, но секогаш постои можност да се смени нешто во траекторијата, па затоа не сакаат да ја препуштат работата на случајот.
Од таа причина започнал проектот со име “HAMMER”, кој го води ННСА, НАСА и две американски државни одделенија од Министерството за енергија. Тие сакаат да лансираат летало со тежина од 8,8 тони, кое го нарекуваат “Импактор” и да го забијат во Бену, или да користат нуклеарно оружје за одвраќање или уништување.
“Доколку астероидот е мал и ако имаме на располагање доволно време, можеме да му ја промениме траекторијата со помош на “Импакторот”, но ако бидеме во брзање ќе користиме нуклеарно оружје”, изјавил физичарот Дејвид Дирборн.
“Не можете никогаш да бидете сигурни дали астероидите ќе се држат до траекторијата која ќе ја пресметате, бидејќи мората да ги земете во предвид фактите како што се соларни ветрови и гравитациското поле на Јупитер, а постојат и многу опасни астероиди кои уште не сме ги откриле”, наведува научникот и додава дека токму поради тоа е започнат проектот “HAMMER”. Иако е проектот започнат, тоа уште не значи дека ќе биде реализиран бидејќи се проценува дека трошоците ќе изнесуваат неколку милијарди долари.
Извор: Kurir.rs