Оваа година компанијата Swarm Technologies лансираше четири свои комуникациски сателити со помош на индиска ракета, но според тврдењата на американската Федерална комисија за комуникации, тоа го направила без дозвола.
Ова е прв пат американска приватна компанија без дозвола да лансира свој сателит во орбитата, а овие сателити би можеле да претставуват опасност по останатите објекти во вселената.
Компанијата Swarm Technologies е основана во 2016-та година, а основачка на компанијата Сара Спанџело, поранешна вработена во Google и NASA. Сателитите наречени SpaceBees 1, 2, 3 и 4 имаат задача да ја тестираат идејата на Swarm Technologies за Internet of Things мрежата во вселената. Сателитите се дел од група од вкупно 31 сателит, а беа лансирани на 12-ти јануари оваа година.
Сега, проблемот е во тоа што кога комерцијалните компании сакаат да лансираат свој сателит во орбитата, тие мора да побараат дозвола од американската Федерална комисија за комуникации за да добијат пристап до радиските фреквенции потребни за комуникациј со сателитите.
Од Swarm Technologies побарале дозвола, но биле одбиени поради димензиите на сателитите за кои што од американската Федерална комисија за комуникации биле загрижени дека ќе можат да ги следат со помош на Space Surveillance Network системот на радари кој што го контролира американската армија.
Од компанијата Swarm Technologies предложиле дополнителна технологија која што би овозможила полесно следење на сателитите, но и за тоа биле одбиени, па сега не е јасно дали наскоро ќе бидат срушени овие сателити.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли