Instagram и Snapchat ја отстранија опцијата за GIF-ови откако еден од корисниците открил расистички GIF кој можел да се додаде на “story” на овие социјални мрежи.
Instagram и Snapchat на почетокот на оваа година ја додадоа опцијата за поставување на GIF стикери, што им пружаше на корисниците можност за избор на GIF кој можеа да го постават на своите објави.
Неодамна, една корисничка објавила фотографии од навредувачка содржина на Твитер, на која го означила основачот на Instagram, Кевин Систром, барајќи ваквите GIF-ови да се отстранат.
Имено, откако корисничката го напишала зборот “Crime” во пребарувачот, на екранот ѝ се појавил GIF со расистичка содржина.
Ваквите GIF-ови се достапни за сите корисници, а во условите за користење е наведено дека тие содржини не смеат да бидат навредливи или вулгарни.
По повод ваквиот настан се огласија компаниите Instagram и Snapchat кои навеле дека привремено ја отстрануваат ваквата опција сè додека не се направи детален преглед на содржината.
Извор: Klix.ba