На Земјата е пронајден “Мраз 7” или “Ice VII”, односно вселенски мраз, кој досега бил регистриран само на сателитите околу Јупитер и Сатурн.
Во дијамантите ископани длабоко под Земјината кора, научниците пронашле нов облик на вода, односно вид на мраз досега незабележан на Земјата.
Новиот вид на мраз е наречен “Мраз 7”. Тој е 1,5 пати погуст од обичниот мраз и има поразлична атмосферска структура.
Geoscientist at @unevadareno accidentally stumbled into a miniscule blob of preserved Ice VII inside a diamond nugget ?. https://t.co/MRDtafGQCW via @PopMech
— Maurizio Ibba (@Dragonmaurizio) March 13, 2018
Постојат повеќе различни видови на мраз кои се разликуваат според густината и распоредот на атоми.
Притисокот потребен за формирање на “Мраз 7” може да се најде на Земјата, но планетата во главно е претопла за да се одржи структурата на овој мраз.
Научниците потсетуваат дека “Мраз 7” е пронајден на сателитот на Сатурн, Европа, и сателитите на Јупитер, Титан и Енцелад.
Пронајдокот е објавен во научното списание “Science”.
Извор: Kurir.rs