САД, Русија, ЕУ, Јапонија и Канада се договориле во наредната деценија да ја започнат програмата за изградба на кружна станица на Месечината наречена „Капија“. Исконскиот човечки сон за освојување на вселената стана чекор поблиску до исполнување, откако САД, ЕУ, Русија, Јапонија и Канада се договорија да изградат нова вселенска станица, под името Месечева кружна станица „Капија“ (Lunar Orbiting Platform Gateway“ – LOP-G). Со здружени сили овие држави сакаат да ја направат станицата која ќе послужи како платформа за изградба на постојани човечки населби на Марс.
Кина изоставена
Месечевата кружна станица „Капија“, ќе ја замени Меѓународната вселенска станица (MSS), која е лансирана во 1998 година, од кога се наоѓа во Земјината орбита. Доколку се се одвива според планот, изградбата на новата вселенска станица ќе почне веќе од 2020 година, а од 2023 година ќе може на неа да престојува првиот човечки персонал.
Цената на овој амбициозен проект сеуште не е позната, но оптимистичките проценки се дека новата станица ќе чини ни повеќе ни помалку туку 150 милијарди долари, колку што чинела и изградбата на Меѓународната вселенска станица. Тоа ќе биде еден од најскапите научно технолошки проекти во човечката историја.
Интересно е дека од проектот е изоставена Кина, но тоа е поради тоа што САД имаат стрикни закони за забрана на трансфер на висока технологија во земјите кои ги сметаат за конкуренција. Планирано е станицата да биде во класична орбита околу Месечината. Таа ќе биде изградена во близина на точката Лагрангеов, каде се изедначува гравитацијата меѓу Земјата и Месечината. Во тој простор со мала промена на брзината ќе може, во случај на потреба, да се премине во другата орбита.
Состанок во април
Целиот проект е во подготвителна фаза. НАСА веќе преговара со партнерите од САД. Во април во Јапонија ќе биде одржан состанок на сите партнери. Новата станица би требало да постане платформа за понатамошно патување во вселената, додека Меѓународната вселенска станица ќе биде база за стационирани вселенски истражувања.
Поврзани артикли