Google неодамна jа претстави Lens – услуга што може да ги препознае нештата и објектите од реалниот живот што сте ги фотографирале со камерата на вашиот мобилен уред, а потоа да ви даде повеќе информации за нив. За ова е задолжена вештачката интелигенција, а сега и сопствениците на iPhone уредите ќе може да ја користат оваа услуга доколку ја преземат апликацијата Google Photos.
Инаку, Lens користи техонологија на т.н. длабоко учење со цел да го разбере светот прикажан на камерата. Имено, доколку ја насочите камерата кон некоја книга и ја фотографирате, Lens ќе ја идентификува и ќе ви даде можност да ја купите.
Освен тоа, Lens има способност автоматски да се поврзе со WiFi мрежата, како и нечија визит-картичка да ја претвори во дигитална информација.
Поврзани артикли