Коментарите на корисниците како што се „Мислев дека го губам разумот“, или „Ова е најстрашното ср*** кое што некогаш сум го слушнал“, најдобро покажуваат колку биле исплашени
Овие денови голем број на корисници се жалат на „баг“ на гласовниот асистент Alexa на Amazon. Имено, гласовниот асистент без никаква претходна команда започнувал да испушта звуци на морничаво смеење и со тоа голем број на корисници се исплашиле.
Од Amazon ги потврдија проблемите со гласовниот асистент кој што наводно погрешно ги разбирал наредбите (често ја извршувал наредбата „Alexa, насмеј се“, иако никој не ги изговарал тие наредби), па од таму нагласија дека работат на поправка на овој „баг“.
Having an office conversation about pretty confidential stuff and Alexa just laughed. Anybody else ever have that?
It didn't chime as if we had accidentally triggered her to wake. She simply just laughed. It was really creepy.
— David Woodland ? (@DavidSven) March 1, 2018
Holy shit, i almost forgot. So we got home last night and, totally unprompted, our Amazon Echo/Alexa started talking. And then i realized it was listing off local cemeteries and funeral homes??? What the FUCK, dude
— Kamo Kamo Bonito (@HeyItsKamo) March 7, 2018
Дел од корисниците веднаш го решиле проблемот така што го исклучиле паметниот звучник кој што беше еден од најпродаваните геџети во САД за време на Божиќните празници минатата година.
Alexa работи на вештачка интелигенција, па веднаш многумина ја искористија оваа ситуација да упатат нови критики до оваа технологија и потенцијалните опасности кои што ги носи со себе.
Додека морничавото смеење не би можело да биде толку опасно, можеме да замислиме само какви проблеми можат да донесат на пример автономните автомобили доколку би имале сличен „баг“, или пак роботите кои ќе бидат задолжени за исто така одговорни работи.
Извор: Zimo.hr