Јупитер е покриен со интензивни, масивни бури, многу посложени отколку што било кој очекуваше, откри NASA.
Огромните циклони кои ги покриваат двата пола на Јупитер беа само едно од големите откритија кои ги објавија научниците од NASA, кои ги проучуваат податоците кои ги праќа вселенското летало Juno, кое лета околу оваа планета.
Тимот на NASA сега може да ги забележи сите детали многу појасно, откако вселенското летало Juno прати повратни податоци на Земјата. Научниците открија дека на северниот пол на Јупитер има 9 циклони а на јужниот пол има 6, и брзината на ветерот изнесува повеќе од 350 км/ч. Масивните бури ја немаат сменето локацијата откако почна надгледувањето на планетата.
Алберто Адријани, лидерот на тимот научници рече дека сите во тимот се изненадени од новите откритија, бидејќи никој не очекувал дека Јупитер изгледа вака, туку дека се надевале дека ќе пронајдат нешто слично на системот од облаци кој лебди над Сатурн.
Јупитер е најголемата планета во нашиот Сончев систем, и таа е петтата најоддалечена планета од Сонцето. Вселенското летало Juno беше лансирано во 2011 година, а од 2016 го орбитира Јупитер и собира информации околу составот на планетата. Тоа е само второто летало кое стигнало до планетата, откако претходно тоа го направи Galileo од 1995 до 2013 година.
Тимот научници исто така откри дека гравитацијата на северниот и јужниот пол е различна, па затоа претпоставуваат дека тоа го предизвикува некоја реакција од самата планета. Исто така, тие открија дека Јупитер има течно јадро, кое се однесува како да е цврсто, што е исклучително чуден феномен. Јадрото на Јупитер е воглавно составено од хидроген и хелиум.