Кинеската вселенска агенција CASIC планира годинава да ги лансира првите од серијата бродбенд сателити кои според најавата во иднина на сите ќе ни нудат супербрз интернет без разлика каде и да сме.
Минатиот месец компанијата на Елон Маск лансираше неколку сателити со кои планира да тестира нов вид глобален интернет. Гледајќи потенцијал во овој план, кинеската агенција China Aerospace Science and Industry Corp (CASIC), планира кон крајот на годинава да ги лансира своите први тест сателити.
Претседателот на CASIC, Жанг Жонгјанг, најави дека првите сателити ќе полетаат во ниската орбита каде ќе се обидат да остварат пренос од 500 Mbps. Со ова, CASIC планира да го подготви теренот за останатите 156 сателити кои планира да ги лансира во рамки на проектот Хонгјун.
Откао успешно ќе ги лансираат првите сателити, CASIC до 2020 година во орбитата ќе испрати уште четири, а до 2022 година бројката ќе стигне до 156. Првите сателити ќе летаат во ниската орбита на висина од 1.000 километри и ќе им овозможат на корисниците да уживаат во супербрз бродбенд интернет без разлика дали се во пустина, на сред океан или во авион.
Поврзани артикли