Поради плановите за зголемување на вселенските мисии со екипаж, Кина ќе почне да регрутира цивилни астронаути за својата вселенска програма.
Кинеската вселенска програма е поддржана од армијата и поради тоа на Кина и е забранет пристап на Меѓународната вселенска станица.
Кинеските астронаути, кои ќе ја поминат селекцијата, ќе помагаат во изградба на кинеска независна вселенска станица, изјави заменик директорот на Канцеларијата за вселенски летови со екипаж, Јанг Ливеи.