Кинеската компанија Чајна Шипбилдинг информираше дека почнала со работа на првиот носач на авиони на нуклеарен погон. Според компанијата, бродот ќе може да плови до 20 години без да има потреба да наполни нуклеарно гориво.
Компанијата веќе работеше на ремонт на бродот Лијаонинг, претходно познат како Варјаг, кој Кина го купи од Украина и кој е првиот и единствен носач на авиони на кинеската воена морнарица.
Кинеската флота во изминатите години се почесто доаѓа во територијални спорови со Филипините, Виетнам и други држави во регионот, а има задача и да биде подготвена за судир со Тајван, ситуации во кои може да се најде соочена со американските носачи на авиони. Кинеската програма за развој на сопствени нуклеарни носачи на авиони предвидува тие да можат да носат летала како од руско така и од кинеско производство.