Британскиот футуролог Иан Пирсон тврди дека луѓето родени по 1970 година, ќе можат до 2050 да станат бесмртни, објави „Дејли Мејл“.
Инженерот и иноватор од Ипсвич смета дека генетското инженерство и вештачката интелегенција ќе му помогнат на човекот да ги надмине ограничувањата на своето тело.
Според него, забавувањето на процесите на стареење, лабораториското создавање ткива, органи, па и т.н. „андроидни тела“, како и новите виртуелни светови и дигитализацијата на умот, би можело да ни овозможи вечен живот.
– Оваа опција во почетокот ќе биде наменета само за славните и богати, но и „работничката класа“ ќе може да си го дозволи тоа до шеесетите години од овој век, изјави Пирсон.
Натаму, тој и се согласува дека речиси никој во својата 95. година не би сакал да живее вечно, но сите би сакале да се чувствуваме барем 30 години помлади тогаш.