ФОТО: Никола Бурагев
Продуктниот директор на Xiaomi, Донован Сунг објави на социјалната мрежа Twitter дека компанијата ќе го лансира моделот Mi Mix 2S, кој ќе биде со актуелниот топ процесор на Qualcomm Snapdragon 845.
Во моментов тоа е единствената информација која е достапна за уредот, а сите детали ќе бидат откриени на 27 март, кога Xiaomi ќе има специјален настан. Пораката на Сунг исто така содржи број 273741, што веројатно е референца за резултат на реперот на AnTuTu.
Mi Mix 2S најверојатно ќе биде објавен во Индија, Кина и Европа, а интересно во случајот е дека Xiaomi ја отвори својата прва продавница во Барселона денес, каде што започна Mобилниот конгрес.
Mi MIX 2S will use the next generation flagship processor Snapdragon 845. Launching on March 27th! ❤️ pic.twitter.com/XoOdmmcDO2
— Donovan Sung (@donovansung) February 25, 2018
Поврзани артикли