Во недела во 13 часот во култниот „Ван гог“ бар во Скопје, авторот, моторџија и авантурист Жељан Ракела ќе одржи промоција на неговата невообичаена авантуристичка книга „300.000 километри мотоавантура”.
На промоцијата на книгата која изобилува со многу интересни, поучни, возбудливи и несекојдневни моменти и доживувања, авторот ќе зборува за оваа авантура со која поминал 300.000 километри, низ 5 континенти, за само 7 години.
На прес-конференцијата ќе присуствуваат и Силвана и Тони од мото-клубот „Ноќни волци“ кои пред медиумите ќе ја претстават нивната авантура „Гушни го светот“, односно предизвикот да патуваат со моторцикл низ целиот свет.