За многумина од нас телефонот речиси во целост ни го заменува компјутерот, посебно кога станува збор за сурфање на интернет. На екраните од смартфоните можеме да ги добиеме сите информации кои не интересираат, како и да ги следиме пријателите на бројните социјални мрежи – и сето тоа додека сме движење.
Тоа доаѓа со одредена цена во вид на пари кои ги плаќаме за интернетот кој го трошиме, а една од најкористените апликации секако е Facebook. На потрошувачката на интернет секако придонесуваат и бројните видео снимки кои станаа стандард на социјалните мрежи, но и линковите на кои кликаме и кои не носат кон други интернет страници, и повторно, ги трошат драгоцените мегабајти. Целото ова дружење и уживање доаѓа со поприлична цена.
Неодмана спроведено истражување покажа дека 60 минути скролање на Facebook може да потроши околу 100 мегабајти интернет. Можеби ова изгледа како премногу време, но неколку минути по неколку минути, и по десетина минути останувате без 16 мегабајти. Ова значи дека во просек, минута на Facebook „чини“ 1.6 мегабајти.
Притоа, ако секој ден трошите tолку време, па дури и двојно помалку, на месечно ниво Facebook може да ви „изеде“ помеѓу 1.5 и 1.3 GB интернет – а тоа е поприлично количество мобилни податоци.