Најбогатиот човек во светот, основачот на Amazon, Џеф Безос презентира огромен часовник кој може да работи во текот на 10.000 години. Безос го претстави преку видео на својата профил на Твитер.
Уредот се наоѓа длабоко во земните длабочини – тој се гради во планина во западен Тексас. Има височина 152 метри и е целосно механички, а неговото полнење доаѓа од термичките циклуси на Земјата.
„Ова е специјален часовник наменет да биде симбол, икона за долгорочно размислување“, се вели во соопштението во блог, потпишан од милијардерот.
Installation has begun—500 ft tall, all mechanical, powered by day/night thermal cycles, synchronized at solar noon, a symbol for long-term thinking—the #10000YearClock is coming together thx to the genius of Danny Hillis, Zander Rose & the whole Clock team! Enjoy the video. pic.twitter.com/FYIyaUIbdJ
— Jeff Bezos (@JeffBezos) February 20, 2018
Часовникот е во процес на развој веќе речиси 3 децении и е дизајниран на интересен начин. Секундарникот се мести еднаш годишно, стрелката за минутите се подесува еднаш на секои 100 години, а онаа за часовите – на секој милениум.
Проектот беше инициран од Дани Хилис во 1989 година. Милијардерот и основач на Amazon објави дека му „помага на Дани за проектот во последните шест години“.