За околу два месеца Дубаи ќе ги има првите вили изградени со технологијата на 3D печатење, изјави генералниот директор на општината Дубаи, Нусеин Насер Лотах.
Сета неопходна опрема и алат за изградба веќе се на терен во Дубаи, со оглед на тоа што овој проект е дел од градската Стратегија за 3D печатење.
Стартап компанија во Дубаи, во февруари 2017 година најави дека ќе го изгради првиот облакодер на светот што ќе биде изграден со помош на 3D печатач.
Дубаи го нарекуваат град на иднината. До 2030 година, 25 отсто од новите згради би требало да бидат „испечатени“ со помош на модерната технологија, во бид да се намалат градежните трошоци и да се скрати времето потребно за изградба, објави „Спутник“.