Изграден во 1975 година, Longleat Hedge Maze во Англија е најдолгиот лавиринт во светот. Составен од повеќе од 16.000 англиски тисови, покрива површина од 1,48 хетари, со патеки во должина од 1,69 милји. Лавиринот има неколку „мртви патишта“, а над него има и подигнати шест мостови од кои може да го видите подобро просторот и да одлучите каде да продолжите да се движите.
Лавиринтот е дел од 8000 хектари големиот имот на маркизот од Бет, кој го има во своја сопственост семејството веќе неколку векови. Имотот вклучува мноштво необични карактеристики, меѓу кои и еден интересен Сафари Парк во кој има егзотични животни, а кој бил за првпат отворен за јавноста во 1966 година. Во Сафари Паркот има над 500 диви животни.
Земјата во моментов е во сопственост на седмиот Маркиз од Бет, Александар Тин, познат првенствено по неговиот ексцентричен начин на живот, со бројни љубовници и еротски мурали што ги слика насекаде низ станбениот дел од имотот.