Јужноафриканскиот мегаполис Кејптаун е постојано во насловите на светските медиуми дека се приближува кон “судниот ден” – моментот во кој ќе биде целосно исцрпена водата за пиење во градот. Во него има околу 4 милиони луѓе. Кејптаун презеде драстични мерки за заштита на водите, но се покажа дека тоа не е доволно за избегнување на претстојната криза. Сега кога локалната власт и жителите се подготвуваат за најлошото, излегува дека многу други градови се во слична ситуација.
Недостигот на вода навистина е глобален проблем. Статистиката вели дека еден од секои четири големи градови во светот во моментов е на работ на “водна криза”. Овој број се очекува да се зголеми како резултат на климатските промени, човечката активност и растот на светското население.
Недостигот на вода може да ја влоши ситуацијата каде што веќе постојат нестабилни политички и економски услови. Ова е особено важно за градовите како Каиро, кој се соочува со проблеми како екстремизам и насилство и жестоки политички тензии. Според Светската здравствена организација, Каиро е меѓу лидерите по бројот на смртните случаи поврзани со загадувањето на водите. Слична судбина ги чеаат и градовите како Сао Паоло и Москва, кои се погодени од недостигот на чиста вода за пиење. Крајбрежните градови како Џакарта и Мајами се соочуваат со уникатни проблеми. Поради недостиг на јавен пристап до водоводната мрежа, жителите на Џакарта масовно копаат нелегални бунари. Тие ја повлекуваат водата од подземниот водоносен слој. Ова води кон целосно тонење на земјата. Како резултат на тоа, околу 40 отсто од Џакарта е веќе практично под морското ниво. Мајами не тоне, но пак локалните слатководни резерви страдаат од загадување со морска вода – како резултат на брзиот пораст на морското ниво и уништувањето на живеалиштата и мочуришта. Дури и градовите како Лондон се соочуваат со недостиг на вода – поради исклучително сувата зима.
Поврзани артикли