Компанијата „Оупен сигнал“ прави истражувања за достапноста и брзината на 4Г-интернетот во земјите низ светот. Во овогодишното истражување на високите позиции ги има и земјите од Балканот, меѓу кои и Србија, Бугарија и Македонија.
Србија е со брзина на 4Г-мрежата од 32.22 Mbps. Побрз интернет од Србија има во Бугарија, а Хрватска е едно место под Србија. Истражување не е извршено во Косово, ниту во Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Што се однесува до нашата земја, Македонија има 4Г-достапност од 82,62 проценти, што ја прави високо рангирана на оваа листа. Пристапот е дури подобар од земји како Канада, Данска, Хрватска, Словенија, Велика Британија, Австрија. Брзината на 4Г-интернетот во Македонија е 30.53 Mbps, што е малку послабо од соседна Србија.
„Оупен сигнал“ го спровела истражувањето во над 70 земји, на примерок од повеќе од 550.000 корисници, со вкупно 20 милијарди пристапи на ЛТЕ- мрежата. Од компанијата велат дека прецизноста е голема бидејќи е заснована на податоците што ги собрала истоимената апликација што ја користеле корисници учесници во тестирањето. Земена е просечната брзина за симнувања за секоја земја, за сите ЛТЕ-мрежи во функција.
Во истражувањето учествувале само корисниците на „ајфон“ и на „Андроид“ бидејќи „Оупен сигнал“ нема „Виндоус Фоун“ ниту „Виндоус 10“ апликација.
Извор: Факултети.мк
Поврзани артикли