Руската ракета „Сојуз“, која била лансирана во вторникот, во четвртокот била споена со „Меѓународната вселенска станица“ (МSS).
Ракетата со теретен вселенски брод, стигна со храна, гориво, вода, лекови и останати продукти неопходни за членовите на „MSS“.
Лансирана е од рускиот космодрон Бајконур, во Казахстан, а нејзиното лансирање било одложено за два дена поради грешка во компјутерите на ракетата.
Во „MSS“ се наоѓале шест астронаути, тројца Американци, двајца Руси и еден Јапонец.