Апликацијата “Waze” ги одвела израелските војници во град на палестинска територија – набрзо нивниот автомобил бил обиколен од луѓе кои што го каменувале, а една припадничка на израелските безбедносни сили била повредена.

Познатата апликација “Waze” која што пред неколку години ја купи “Google”, на возачите им помага полесно да се снаоѓаат во сообраќајот и да ги избегнуваат големите сообраќајни метежи, така што ги пренасочува кон патишта каде што има помал сообраќај.

Иако ваквите апликации кои што користат “GPS” можат да бидат од голема помош, сепак возачите кога премногу се потпираат на нив, често можат да завршат во еднонасочни или слепи улици и слично, а најлошиот пример доаѓа од Израел.

Имено, израелски војници кои што ги следеле инструкциите на оваа апликација, завршиле во палестински град на Западниот брег. На видеото кое што беше објавено на социјалните мрежи, може да се види нивниот шок кога сфаќаат дека се опкружени од Палестинци кои што не беа премногу пријателски расположени кон нив.

Од израелската армија го потврдија инцидентот, а иако тоа не е видливо на видеото, грешката на војниците ги чинела и физички судир со Палестинците кои што ги нападнале со камења. На автомобилот му биле искршени стаклата, им било украдено оружјето, а една припадничка на безбедносните сили била полесно повредена.

Извор: Zimo.hr