Како што многупати претходно беше најавено, Instagram почна со тестирање на нотификации кои ќе го известуваат корисникот во случај некој да направи скриншот од нивното Story.
Корисниците ја коментираа оваа одлука како „уште една карактеристика која Instagram ја позајми од Snapchat“, но од компанијата велат дека таа значително ќе ја подобри сигурноста и приватноста на клиентите.
Социјалната мрежа за TechCrunch потврди дека тестира систем за предупредување на скриншот на Stories. Ако се наоѓате меѓу одбраните корисници, ќе добиете информација дека корисниците на одредени профили ќе добијат нотификација дека сте му направиле скриншот на Story.
https://twitter.com/__cajb/status/961481844981157888?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Finstagram-pochna-da-testira-predupreduvanja-za-skrinshot-na-stories
Засега не е познато од кога оваа опција ќе им биде достапна на сите, или дали воопшто ќе биде воведена како постојана опција. Според Instagram, ова зависи од неколку фактори. Ако луѓето поради оваа опција престанат да гледаат Stories, таа ќе биде комплетно укината.
Меѓутоа, најголемиот дел од корисниците ја користат опцијата Stories само поради приватноста и поради тоа што тие не оставаат постојан траг, туку ги снемува за 24 часа. Ако опцијата која ќе предупредува за скриншот на Stories биде воведена, голема е шансата дека Instagram ќе загуби и голем дел од корисниците.