Телевизиската реклама на Amazon Echo Dot навистина успеа да го активира паметниот звучник на еден корисник и да нарача храна за мачки.
Рекламата емитувана уште од октомври демонстрира на кој начин луѓето може да го користат паметниот асистент па, додека мачката гледа во аквариум со рипчиња, глас на човек вели „Алекса, нарачај храна за мачки“, а таа му одговара „Ја најдов. Дали сакате да ја купам?“
Неименуваниот гледач вели дека оваа реклама го покренала неговиот звучник кој го прашал дали сака да ја потврди нарачката.
Амазон од друга страна, вели дека ги спречил рекламите да покренат одговор и кај гледачите кои веќе го имаат уредот, но секако и гледачот мора со својот глас да ја потврди нарачката или таа ќе биде деактивирана.
„За Алекса да ви помогне во купувањето, сопствениокт мора да и каже да го нарача производот и тогаш да го потврди тоа. Ако по грешка сфати дека не треба нешто да нарача тогаш едноставно треба да каже не кога ќе ве праша за потврда. Исто така, опцијата за гласовно купување секогаш може да го исклучите“, се наведува во соопштението од Амазон.
Според законските регулативи рекламата не била подобна за прикажување на телевизија, а државната комисија во соработка со Амазон прави се да се спречи активација на уредот и неговот „прислушување“ реклами.
Поврзани артикли