Илјадници интернет страници кои што им припаѓале на државните институции во САД и Велика Британија биле заразени со софтвер, а хакерските напади се интензивирале со популарноста на криптовалутите.
Како што открива “The Register”, над 4200 страници биле заразени со малициозна верзија на софтвер кој што инаку им помага на слепите или лицата со оштетен вид полесно да се снаоѓаат на интернет страниците.
Хакерите кои што ги заразиле интернет страниците со овој софтвер, успеале за само неколку часа да изрударат голема количина на криптовалутата “Monero”.
Иако “Monero” не е толку вредна криптовалута како што е на пример “Bitcoin”, сепак 235 долари по „парче“ е солиден почеток. Колку точно “Monero” криптовалути успеале хакерите да изрударат за само неколку часа колку што било потребно да се открие постоењето на малициозниот код и да се оневозможи неговото функционирање, засега не е познато.
Повеќето од „заразените“ интернет страници во Соединетите Американски Држави и Велика Британија, потешкотиите во пристапот на корисниците им ги објасниле дека се случуваат поради „одржување на страниците“.
Компанијата која што го развиал софтверот за слепи и лица со оштетен вид потврдила дека е свесна за проблемот и поради тоа, го деактивирале софтверот на сите сомнителни интернет страници.
Поврзани артикли