Откако пред еден месец се појави нов проблем со производ на Apple кога еден телефон во Швајцарија имаше сериозен проблем со батеријата, сега во незгодна ситуација се безжичните слушалки AirPods. Jason Colon од Тампа во Флорида (САД) имаше проблем со своите слушалки кои започнале да испуштаат чад додека ги носел. Jason бил во вежбална и додека тренирал, на слушалките слушал денс микс. Кога приметил дека од слушалките изглеува чад, веднаш ги извадил од своите уши и ги оставил. За кратко време една од слушалките била изгорена.
Најверојатниот виновник е литиум-јонската батерија која што се појавува во актуелните електронски уреди. Засега нема информации за ист дефект, а претставник на компанијата Apple изјави дека веќе работат на овој случај и ќе стапат во контакт со Jason Colon за решавање на проблемот.
Поврзани артикли