Стартапот Ovie Smarterware од Чикаго си зададе мисија да им помогне на Американците да фрлаат помалку отпад од храна. Тие дизајнираа паметни уреди кои ги известуваат корисниците кога ќе се расипе храната што ја купиле и време е да ја потрошат за да не ја фрлат. Уредите може да се постават на самата храна или на кутии, пишува PSFK.
Гаџетот уште е во рана фаза на развој и планираат да стартуваат кампања на Kickstarter. Во меѓувреме секој шпто е заинтересиран за производот може да се запише на листата за чекање. Паметниот уред ќе се поврзува со апликацијата Ovie за паметен телефон и корисниците не само што ќе можат да проверат каква е состојбата на храната дома без разлика каде се наоѓаат, туку ќе можат и да пребаруваат рецепти од продуктите што ги имаат.
https://www.youtube.com/watch?v=TddAzgFaHII