Компанијата SpaceX на милијардерот Елон Маск во вторникот ја лансираше ракетата Falcon Heavy, најсилната која моментално постои, а која во вселената го испрати и автомобилот Tesla Roadster.
Имено, италијански астрономи кои учествуваат во проектот „Virtual Telescope“ веќе успеале да го забележат патувањето на автомобилот низ Сончевиот систем.
Фотографиите ги направиле со помош на системи на роботски телескопи во опсерваторија во Аризона, само два дена после полетувањето на ракетата.
Сепак, многумина се разочарани од фактот дека на фотографиите не се гледа црвена точка, туку само светлина која блеска и личи на ѕвезда (се наоѓа на средина на фотографијата):
Трагите кои го оставил автомобилот исто така може да се видат на фотографијата подолу:
И покрај тоа што се чини тешко да се воочи автомобилот од останатите небесни тела, астрономите велат дека многу лесно го пронашле овој објект.
„Многу светеше и брзо се движеше во однос на останатите тела. Во моментот кога ги направивме фотографиите, беше оддалечен од нас околу 470.000 километри“, велат научниците.
За потсетување, Tesla Roadster моментално се наоѓа на патување кон Марс. Во автомобилот на местото на возачот се наоѓа кука, а кај воланот пишува „Без паника!“. За време на лансирањето на ракетата била пуштена песната „Space Oddity“, големиот хит на покојниот Дејвид Боуви.
Инаку, експерти сметаат дека автомобилот би можел да се распадне веќе после една година.
Имено, пластиката која се наоѓа во колата не е отпорна на драстичните температурни разлики, а истото важи и за куклата.