Елон Маск на Твитер неодамна ги замолче сите поборници на теоријата дека планетата Земја е рамна. Целата расправа започна уште во ноември, а неговиот одговор го чекавме досега.
Кон крајот на ноември минатата година, Елон поставил прашање на својот Твитер профил зошто не постои теорија за рамен Марс.
На тоа, организацијата “Flat Earth” му одговорила:
“Еј Елон, благодарам за прашањето. За разлика од Земјата, ние имаме докази дека Марс има кружна форма”.
Hi Elon, thanks for the question. Unlike the Earth, Mars has been observed to be round.
We hope you have a fantastic day!
— Flat Earth Society (@FlatEarthOrg) November 28, 2017
Дискусијата тука запрела, но два месеци подоцна, Маск во вселената испрати примерoк од електричниот автомобил Tesla Roadster.
По успешното лансирање, Илон Маск на својот профил објави поглед од автомобилот во вселената, а на снимката јасно се гледа дека нашата планета има кружна форма, токму како и Марс.
View from SpaceX Launch Control. Apparently, there is a car in orbit around Earth. pic.twitter.com/QljN2VnL1O
— Elon Musk (@elonmusk) February 6, 2018
Интернетот, секако ја воочи поврзаноста.
“Ова е големо разочарување за луѓето кои од некоја причина веруваат дека Земјата е рамна”, напишал еден корисник на Твитер.
*all people who for some reason believe the Earth is flat in utter disappointment* https://t.co/GTGAoCK2D5
— Dylan (@DylanPal5) February 6, 2018
“Погледнете ја таа рамна Земја”, искоментирал друг додека трет се пошегувал: “Хаха, добар обид. Сите знаеме дека Земјата е рамна, пријателе”.
Look at that flat earth https://t.co/oQgTFmdTim
— Darin @ ESPN Esports (@darink) February 6, 2018
https://twitter.com/fullcoarsemeel/status/961000812322410497?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fsupermen.tocka.com.mk%2Fvesti%2F260162%2Filon-mask-so-edno-video-gi-zamolce-site-koi-veruvaat-deka-zemjata-e-ramna
Набрзо се огласила и организацијата “Flat Earth” со својот одговор:
“Луѓето кои веруваат дека Земјата е кружна бидејќи “виделе автомобил во вселената на интернет” се најверојатно нова верзија на луѓето кои сметаат дека нешто е вистинито само затоа што било на телевизија. Тоа е слаб аргумент. Зошто било која приватна компанија би сакала да ја објави вистината?”, се прашуваат тие.
People who believe that the Earth is a globe because "they saw a car in space on the Internet" must be the new incarnation of "It's true, I saw it on TV!" It's a poor argument.
Why would we believe any privately-held company to report the truth?
— Flat Earth Society (@FlatEarthOrg) February 7, 2018
Поврзани артикли