Ако барате паметен часовник со пристапна цена, солидни перформанси и одлична батерија, тогаш можеби треба да размислите за Amazfit Bip на Xiaomi.
Кинескиот бренд Huami кој што е во сопственост на попопуларниот Xiaomi, го претстави новиот памете часовник наречен Amazfit Bip, со кој што има намера да го освои глобалниот пазар.
Amazfit Bip е часовник кој многумина го нарекоа клон на Apple Watch, корисниците првенствено треба да ги привлече со комбинацијата на пристапната цена и одличната батерија која што генерално претставува проблем кај сите паметни часовници на пазарот денес.
Цената на овој уред изнесува 99 долари на американскиот пазар, а од компанијата тврдат дека Amazfit Bip располага со батерија која што може да издржи еден месец со вообичаено користење на паметниот часовник, или дури месец и пол ако се исклучат некои од опциите. Тоа значи дека наместо секоја ноќ, како што е пример со часовникот на Apple, Amazfit Bip ќе треба да го полните само еднаш месечно.
Паметниот часовник на Huami, односно Xiaomi, доаѓа со екран со дијагонала од 1,28-инчи, заштита од Gorilla Glass 3, тежи 41 грам и опремен е со сензор за мерење на отчукувањата на срцето, GPS и други сензори за следење на активности (чекорење, трчање, возење велосипед, но и спиење).
Понатаму, од останатите опции треба да се издвои и водоотпорноста, посебниот оперативен систем на Xiaomi, како и Mi Fit апликацијата за Android и iOS уредите – часовникот преку Bluetooth се поврзува со паметниот телефон и на него се прикажуваат известувањата за пораки, повици и слично.
Според досега објавените рецензии, се чини дека моментално тешко е да се пронајде паметен часовник кој што нуди толку опции во тој ценовен ранг, па ќе биде интересно каква ќе биде реакцијата на купувачите на пазарот.
Извор: Zimo.hr