Пред извесно време го најавивме негово враќање, а сега го имаме и точниот датум на презентацијата на неговата нова верзија – Commodore 64. Легендарниот компјутер од 80-тите години од минатиот век, кој многумина ги потсетува на детството, се враќа во мини варијанта.
Commodore 64 Mini доаѓа на пазарот на 29 март оваа година под името The C64 Mini. Формата ќе биде скоро идентична на оној Commodore кој сите ние добро го познаваме, но половина од неговата реална големина. Тастатурата е само „про-форма“ и нема да работи, а телото ќе биде во препознатливата „беж“ боја.
Според производителите кои му го вратија животот на ова парче за забава, C64 Mini е компатибилен со современите телевизори на кои можете целосно да уживате во графиката која ќе ви ја понуди. Во пакетот има и џојстик, можете да вметнете друг контролер или дополнителна тастатура благодарение на два USB влеза.
Конечно, видео игрите можат да се користат преку компактна мемориска картичка. Новиот Commodore во мини формат и ќе се продава со 64 вградени игри. Цената нема да биде поголема од 80 евра.