Бројот на корисници на Facebook кои секој ден активно ја проверуваат популарната социјална мрежа, за прв пат во историјата на компанијата доживеа пад во Северна Америка.
Во текот на последните неколку години, корисничката база на Facebook во Северна Америка беше стабилна, но сега има се помалку заинтересирани за опсесивно прегледување и ажурирање на статуси, а Facebook ќе мора да им се додворува на интернационалните корисници за да го одржи својот раст.
Не треба да се размислува во правец на гаснење на сервисот, но секако останува прашањето до каде ќе води овој тренд на пад, доколку Facebook продолжи да губи на бројот на секојденвните корисници во регуларни интервали. CNBC истакнува дека покрај јакнењето на Snapchat и се поголемото преминување на корисниците на Instagram, големо влијание на актуелната ситуација има и лошото пишување на медиумите за Facebook во последно време.
Поврзани артикли