Камионџиите кои имаат задача да пренесат товар на долги релации често се случува да заспијат зад воланот што се должи или на умор или од самата монотоност на автопатите.
Затоа од Ford креираа иновативна капа која има вградени сензори па така штом се детектира дека возачот ја наведнува главата и почнува да заспива веднаш ќе се активира системот кој ќе го разбуди со цел да ја задржи контролата врз камионот или друг вид на возило.
SafeCap на Ford во наредниот период дополнително ќе биде развивана и тестирана пред да биде пуштена во продажба на глобалниот пазар.