Компанијата Apple ја повлече апликацијата Telegram од својата App Store поради „недолична содржина“ на платформата, соопшти основачот и извршен директор на Тelegram, Павел Дуров
„Компанијата Apple нѐ извести дека на нашите корисници им биле достапни недолични содржини, така што и двете апликации се повлечени од виртуелната продавница на Apple. Кога проблемот ќе биде решен, апликацијата повторно ќе биде вратена во App Store“, соопшти Дуров на Twitter.
We were alerted by Apple that inappropriate content was made available to our users and both apps were taken off the App Store. Once we have protections in place we expect the apps to be back on the App Store.
— Pavel Durov (@durov) February 1, 2018
Дуров мислеше на Telegram и неговата надоградена верзија Telegram X.
Аpple нагласи дека во нејзините виртуелни продавници се забранетиапликации со „вознемирувачка или навредлива содржина“, вклучувајќи „охрабрување на нелегална или непромислена употреба на огнено оружје и други опасни предмети“, како и недолични содржини и референци на други апликации, како и тврдење за производи за кои е неможно да се направи проверка или потврда.
Сервисот за размена на пораки со end-to-end енкрипција Telegram го основаа браќата Николај и Павел Дуров во 2013 година.
Апликацијата веќе неколку пати досега беше мета на критики во неколку земји со аргумент дека често ја користат припадници на терористичката група Исламска држава.
Извор: B92.net
Поврзани артикли