Експерти со отворено писмо му порачаа на директорот на Facebook, Марк Цукерберг дека подготвување на апликација за деца помлади од 13 години е неодговорен начин за поттикнување на децата да користат Facebook.
Тие сметаат дека децата не се спремни да имаат профили на социјалните мрежи. Апликацијата на која што приговараат, односно Facebook за деца, е поедноставена верзија на Facebook со ограничени содржини.
Во отвореното писмо, потпишано со 110 застапници на правата на децата, се наведува дека децата не се доволно зрели за да ги сфатат компликантните врски во онлајн светот, кои често доведуваат до расправаии и помеѓу постарите корисници.