Роверот Curiosity се наоѓа на Марс од август 2012 година, кога почнал со потрага по микроби, кои би го потврдиле постоењето на услови за развој на живот на Црвената планета.
Оваа недела Curiosity на Земјата и испрати ново селфи од Марс.
Поточно, во текот на редовното испраќање на фотографии, роверот испрати и слика на која се гледа и тој.
Секако, НАСА не пропушти прилика оваа занимливост да ја сподели со светот, па фотографијата ја објави на својот официјален Твитер профил.
„Се вратив! Дали ви недостигав?“, пишува во твитот.
I'm back! Did you miss me? This selfie is part of a fresh batch of images, direct from #Mars. Check out all my raw images at https://t.co/IfEoAnOsP3 pic.twitter.com/iZFX9Gi4q6
— Curiosity Rover (@MarsCuriosity) January 24, 2018
За потсетување, овој ровер, веќе неколку пати досега испраќаше селфи фотографии на Земјата, а во прилог погледнете некои од нив:
Извор: B92.net