Видеото од голем леден диск со пречник од осум метри, кој бавно се врти на површината на реката Лиао во провинцијата Лиаонинг во Кина, за кратко време стана популарно на социјалните мрежи.
Она што предизвика чудење кај многумина е фактот што дискот непрекинато се врти со константна брзина, дури и кога на него ќе застанат петнаесетина луѓе.
Многу од луѓето на социјалните мрежи се занимавале со одговорот на прашањето како ледениот диск воопшто настанал, а научниците веројатно имаат одговор на тоа.
Тимот од физичари од универзитетот во Лиеж, врз основа на еден постар пример, изнеле претпоставка дека “главниот виновник” за ова е температурата на водата.
Како што расте температурата, водата станува погуста. Мразот по краевите на дискот започнува да се топи, што создава вртлог кој почнува да го придвижува мразот над него. Наскоро мразот започнува да се движи и да формира кружен облик.
Вакви “мистериозни” ледени формации се појавуваат и во други ледени краеви на светот како Арктик, Скандинавија, Русија и Канада.
Ледените дискови често се со помал пречник, па затоа и не привлекуваат големо внимание. Сепак, најголемиот досега забележан леден диск имал пречник од дури 17 метри.