Телевизискиот продуцент и автор Дејвид Семс му поставил едноставно прашање на личниот асистент Google Home: “Кој е Исус?”
Корисниците на интернетот деновиве поставуваат снимки на кои го тестираат новиот уред на Google, кој одбива да одговори на прашањата за христијанските фигури, додека истиот нема проблем со препознавање на останатите религии.
Во Facebook Live видео, телевизискиот продуцент и автор Дејвид Семс му поставил едноставно прашање на личниот асистент Google Home: “Кој е Исус?”.
“Извинете, не сум сигурна како да ви помогнам со тоа”, му одговорил паметниот аудио асистент.
Google forgets who Jesus is .. but not Allah or Buddha!
Looks like after my last video went viral .. @Google has changed their policy on JESUS! Watch this GARBAGE .. watch what they say about Allah, Buddha, etc.Follow—–> Joshua Feuerstein
Posted by Joshua Feuerstein on Среда, 24 јануари 2018
Кога го прашал кој е Дејвид Семс, тој добил одговор од Википедија.
Сепак, кога Дејвид го прашал кои се Буда и Мухамед, Google Home започнал да ги чита одговорите кои исто така биле од Википедија.
“Дами и господа, можеме да се увериме дека овој уред не знае кој е Исус Христос. Мислам дека Google нема потреба од вакви контроверзии со купувачите”, изјавил Семс.
Погледнете го видеото:
https://www.facebook.com/davidrsams/videos/10155733167216154/
Извор: B92.net