Оддалечената џуџеста ѕвезда овие денови им го привлекува вниманието на многу научници. Околу „Трапист-1“ кружат дури две планети кои се сместени во „населивиот“ појас. Ова значи дека се работи за светови кои имаат вода и извор на топлина – двете компоненти пресудни за живот.
Значи дека планетите што кружат околу „Трапист-1“ имаат „внатрешно греење“. Се смета дека две планети имаат многу активни геолошки процеси, третата има многу малку или нема вода, а на површината има комбинација од железо и камен, додека четвртата и петтата се геолошки активни, но во многу помала мера.
Научниците процениле дека планетите се наоѓаат во зона на многу прифатливи површински температури, некаде околу 15 Целзиусови степени или пониски. Геолошката активност, пак, е уште една причина зошто научниците веруваат дека на тие планети има живот.
НАСА планира да го лансира новиот телескоп „Џејмс Веб“, што значи дека научниците ќе мора да се занимаваат со математички симулации на „Трапист-1“. Минатогодишната работа за тој крајно необичен состав објаснува дека ѕвездата има поголема електромагнетска активност од Земјата, па моќните соларни ветрови дуваат во ближните планети, целосно уништувајќи ја нивната атмосферска обвивка. Оддалечените планети поминале подобро.
Она што е фасцинанто околу „Трапист-1“ е дека многубројните независни трудови што го истражуваат се надополнуваат меѓусебно. Ако НАСА оваа година го лансира телескопот „Џејмс Веб“, тој ќе даде многу повеќе податоци за оддалечените егзопланети, па ќе се олесни понатамошното истражување.