На улиците на шведскиот главен град, Стокхолм, се појавија јавни автобуси кои се управуваат самостојно, без возач.
Досега има два автобуса кои превезуваат патници од еден од поглавните трговски центри во градот до Victoria Tower северно од Стокхолм. Автобусите сообраќаат по однапред одредена рута со должина од 1,5 километри и брзина од 20 километри на час, а користат GPS и сензори кои овозможуваат возилата да не скршнат од својата патека.
Автономните автобуси се проект на компанијата „Нобина“ во соработка со „Ериксон“ и градот Стокхолм. Автобусите без возач на улиците на шведската престолнина се појавија во средата, а според локалните информативни портали, станува збор за возила без волан, но и покрај тоа со нив може да се управува рачно.
Поради шведските закони во автобусот и натаму има возач, но тој е вклучен во управувањето со возилото само во случај на опасност. Инаку, во овие автобуси има седишта за 12 лица, а нивната употреба е бесплатна.
Поврзани артикли