На пазарот на microSD картички се наоѓа нов лидер, а тоа е microSD картичката на компанијата Integral Memory со меморија од 512 GB.
Претходен рекордер беше компанијата SanDisk со microSD картичка од 400 GB, но и натаму е побрза со 100 MB/s, додека максималната брзина на читање на податоци од Integral Memory картичката од 512 GB изнесува 80 MB/s. Минималната брзина на запишување изнесува 10 MB/s, а го задоволува V10 стандардот за видео и може да се користи за камерите кои снимаат full HD видео.
На пазарот картичката ќе се појави во февруари, а цената се уште не е позната.