Биткоин забележа пад за 12 отсто откако Јужна Кореја најави оданочување на трговијата со криптовалути.
Пазарот на криптовалути забележа загуба после вестите дека Јужна Кореја планира да воведе одредена стапка на данок.
Вкупно 96 од 100 најважни криптовалути паднаа за 10 до 20 отсто, а лидерот на пазарот Биткоин е повеќе од 12 отсто во црвено, покажуваат статистичките податоци.
Јужнокорејската влада објави дека оваа година ќе наплаќа до 24.2 отсто данок на добивка на претпријатијата и дека ќе воведе даноци за размена на криптовалути оваа година, пренесуваат тамошните медиуми.
Земјатата ја има една од најголемите приватни платформи за трговија со биткоин во светот, со повеќе од два милиони луѓе кои имаат биткоин.
Биткоин после оваа вест падна на 10.400 долари, бидејќи инвеститорите се исплашиле дека регулацијата ќе биде построга.