Watt Lab, истражувачка агенција на Huawei, разви технологија за брзо полнење на новата генерација смартфони од овој производител. Според претставниците на компанијата, батеријата со капацитет од 3000 mAh може да се наполни до 48% за само пет минути. До денес, ниту еден паметен телефон не е во можност толку брзо да ја наполни батеријата, без разлика за која големина станува збор.
Во моментов, проблемот со кој Huawei се соочува е како да ја инкрпорира батеријата и новитетот во една целина. Имено, тестовите досега се направени само на полнење на батеријата со посочената брзина одделно од паметниот телефон. Батеријата се отстранува од телефонот и се става во специјална единица за полнење со прилично големи димензии. Така, потребно е да имате резервна батерија која за време на полнењето на првата ќе ја искористите за телефонот да ви остане функционален.