Во текот на 2017 година дигитални регистарски таблички ќе пристигнат на калифорниските патишта, а потоа се очекува и во остатокот од САД.
Компанијата River Auto ја претстави во јавноста првата во светот дигитална регистарска таблица и со тоа буквално го комплицираше едниот од последните едноставни делови на автомобилите.
Како што е соопштено, дигиталните таблички веќе оваа година ќе се најдат на 100.000 автомобили.
Во суштина Rplate Pro програмабилен монохроматски екран е заштитен од надворешните влијанија. Благодарение за можноста на поврзување, можно е да се менува натписот и по потреба да се додаваат информации.
На автомобилот се поставува доста едноставно, слично како и класичните таблички.
Добрата работа е што предвиденото обновување на регистрацијата на овие регистарски таблички се врши онлајн, без потреба од било какви документи и лепење на налепници.
Една од функциите на дигиталните таблици ќе биде и тоа дека при паркирање на неа ќе се испишува до кога е платен паркингот.
Поврзани артикли