Стотици милиони корисници во Индија, Индонезија и другите пазари во развој, за сурфање на интернет го избираат UC Browser, производот на гигантот во електронската трговија Alibaba.
Мобилниот прелистувач UC Browser, кој ретко се користи на Запад, го надмина Chrome на Google на некои од најбрзо растечките азиски пазари, давајќи му на сопственикот Alibaba предност во трката меѓу технолошките гиганти, кои се обидуваат да ја привлечат следната генерација интернет корисници.
Стотици милиони корисници во Индија, Индонезија и другите пазари во развој, за сурфање на интернет го избираат UC Browser, производот на гигантот во електронската трговија Alibaba. Тие го претпочитаат пред алтернативите решенија развиени од американските конкуренти. Корисниците тврдат дека UC Browser работи подобро во земјите каде доминираат поевтините смартфони и послабите мобилни услуги.
„Побрз е, сака помалку меморија и изгледа подобро“ од Chrome, тврди Ризки Арки Прасетја, 20-годишен жител на Џакарта, кој неодамна го замени Chrome со UC Browser.
Индија и Индонезија се меѓу последните големи целосно неискористени пазари од гледна точка на интернет корисниците. Само 30 проценти од населението од 1,3 милијарди лица во Индија користат интернет, а само 25 отсто од 260-те милиони индонезијци сурфаат на мрежата, тврди Меѓународниот телекомуникациски сојуз, дел од Организацијата на обединетите нации.
UC Browser кој има над 430 милиони потрошувачи низ целиот свет, опфаќа 51% од индискиот пазар на мобилни прелистувачи во последната година, во споредба со 30 проценти на Chrome, тврди компанијата за веб анализи StatCounter. Во Индонезија UC Browser го претекна Chrome, а тие имаат соодветно 41 и 32 отсто од уделот на пазарот.