Британската рударска компанија Gem Diamonds, соопшти дека неодамна ископала дијамант од 910 карати, кој веќе се смета за еден од петте најголеми откриени дијаманти во светот.
Дијамантот, ископан од многу плодниот рудник Летсенг, би можел да вреди околу 33 милиони евра, процени аналитичарот Бен Дејвис.
„Од кога Gem Diamonds стекна права на рудникот Летсенг во 2006 година, компанијата ископа неколку најголеми и најинтересни дијаманти во светот“, изјави генералниот директор на оваа фирма, Клифорд Елфик.
Според неговите зборови, дијамантот е исклучително чист и досега најголем дијамант ископан во рудникот во Лесото, африканска земја која е една од најсиромашните во светот.
Најголемиот дијамант на светот е Кулинан со 3.016 карати, кој бил пронајден во 1905 година во Јужна Африка.
Извор: B92.net